Денеска и утре во Крањ, Република Словенија делегација предводена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува на министерска конференција во рамки на Брдо процесот.
На првиот ден министерот Тошковски оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, г. Данило Шарановиќ на која се разговараше за соработката меѓу двете министерства и можноста за нејзино продлабучување.
На средбата од страна на министерот Шарановиќ беше потенцирано дека Црна Гора дозволува влез на нејзина територија со лични карти со старото име, а од страна на министерот Тошковски беше побарано да се овозможи влез во државата и со старите образци на патни исправи, доколку истите се со важечки рок.
Оваа средба беше искористена и за разгледување на начинот на функционирање во рамки на МАРРИ регионалната иницијатива каде двете држави членуваат, при што беше констатирано дека активностите во овој дел мора да се интензивираат.
На крајот од средбата се заклучи дека како две пријателски држави имаме заеднички интерес за соработка и размена на искуства, особено во делот на борбата со организираниот криминал и високата корупција.