Оставка од тројцата судии од Врховен што ја донеле одлуката за одземање на Работничкиот дом, побара ССМ

Оставка-од-тројцата-судии-од-Врховен-што-ја-донеле-одлуката.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, на денешната прес-конференција побара оставка од судиите Шпенд Деваја, Исамедин Лимани и Наке Георгиев од Врховниот суд, кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот.


„Како што знаете излезе пресудата од Врховнит суд. Шпенд Деваја како претседател на Советот, потпишан на пресудата, Исамедин Лимани, Наке Георгиев се луѓето кои го чинат судството во Македонија, да го сметаат за корумпирано и дека работи под влијание. Овие тројца луѓе од Советот на пет судии, вклучително и Елица Крстевска и Анета Бошковска кои гласале против ваквата одлука, ја донеле одлуката со нивно слободно убедување без никакви аргументи, со користење на закон што не е во правна сила“, рече Трендафилов на денешната прес-конференција.

Врховните судии, како што објасни Трендафилов, на девет страници донеле пресуда со образложение во кое само во еден пасос се повикуваат на еден закон од 1998 година кој е вон сила, затоа што во 2010 година е донесен нов закон во кој е наведено дека со стапувањето во сила на новиот закон претставува да важи законот од 1998 година.

„Многу ми е жал што овие врховни судии не знаат дека од 2010 година има нов закон за здруженија и фондации во кој во членот 2 се наведува дека одредбите од овој закон не се однесуваат на политички партии, цркви, верски заедници, религиозни групи, синдикати, комори и други видови на здружување утврдени со посебни закони“, рече Трендафилов.

„Шестар систем во судството, да ги бодат законите и да бираат кој ќе го применуваат за временски период што ним им одговара е катастрофа и погубно за судството и е погазување на честа на сите оние судии кои совесно си ја извршуваат работата и токму поради ваквите судии довербата во судството е два проценти“, рече претседателот на ССМ.

„Истите врховни судии кои разбравме дека гласале да се одземе Работничкиот дом на еден ваков криминален начин не ја почитувале ниту одлуката на Уставниот суд од 1992 година во чие образложение е укината одлуката за определување на рокот за преземање на средствата на општествени и политички организации. Не ја почитувале ниту пресудата на Врховниот суд од 24.11.2004 година во која се одбива како неосновано барањето за одземање на имотот на ССМ“, посочи Трендафилов.

Тој кажа дека се сомневаат на корупција од највисоки размери, на политичко влијание и притисок за носењето на ваквата одлука, за да се одземе Работничкиот дом од работниците.

„Најмалку што можат сега да направат судиите е да донесат нова пресуда со која ќе ја исправат нивната грешка“, додаде Трендафилов.

Тој кажа дека ССМ се обратил до нивните братски синдикати од европската и светската конфедерација на синдикатите.

„Целокупното светско синдикално лидерство ќе дојде во Македонија токму во изборите кога ќе им гори на политичките партии и кога тие ќе треба да покренат одговорност за овие судии“, рече Трендафилов.

Доколку овие судии не си дадат оставка до петок, во текот на наредната недела започнуваме постапка пред Републичкиот судски совет за нивно разрешување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK