Османи во Њујорк: Воспоставување дипломатски односи со ЈАР и состанок со земјите од Западен Балкан

1693204053_osmani.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на учеството на Генералната дебата на високо ниво на 78-то Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска со министерката за надворешни работи на ЈАР Греис Наледи Мандиса Пандор ќе го потпишат Комуникето за воспоставувањето дипломатски односи со Јужноафриканската Република. Со ова ќе се отвораат можности за продлабочување на разни видови соработка меѓу двете земји, извести МНР.


Воедно, во денешната агенда е предвидено Османи да учествува и на работна средба со земјите од Западен Балкан. Состанокот е организиран од страна на министерот за надворешни работи и заменик претседател на Владата на Италија, Антонио Тајани. Состанокот се одржува во контекст на забрзување на процесот на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, и за поттикнување на регионалната соработка.

Покрај овие настани, денеска Османи ќе учествува и на состанокот наречен „Закана за јавно здравје и безбедноста од синтетички дроги преку глобална соработка“ на покана на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе присуствува и на одбележувањето на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации, се наведува во соопштението на МНР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK