Османи во Минхен: Државите од Западен Балкан се подложни на хибридни влијанија од трети земји

Османи-во-Минхен-Државите-од-Западен-Балкан-се-подложни-на.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на Минхенската безбедносна конференција се обрати на панелот „Иднината на Западен Балкан – предизвици и можности за ЕУ и Трансатлантската алијанса”.

„Земјите од Западен Балкан се подложни на хибридни влијанија од трети земји со кои се поткопува стабилноста на регионот, како и напорите за градење јасен пат кон европските и евроатлантски интеграции. Притоа, поддршката од САД и ЕУ е од клучно значење за надминување на предизвиците со кои се соочуваме.” рече Османи, истакнувајќи дека идното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од значаен економски и безбедносен интерес и за регионот и за Унијата.

Во обраќањето, Османи ја реафирмираше заложбата за продолжување на реформските процеси, но и примена на принципот за градуален пристап кој треба да биде базиран на заслуги.

„Идното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од значаен економски и безбедносен интерес и за регионот и за Унијата. Концептот ‘Повеќе интеграција пред полноправно членство’, е комплементарен со Планот за раст за Западен Балкан при што, покрај подобрувањето на демократските процеси, економската и безбедносна состојба на земјите од Западен Балкан, би придонел и за значително унапредување на отпорноста и зајакнување на заедничкиот одговор кон споделените предизвици,” истакна Османи

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, Османи оствари и билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK