Претседателскиот кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи, ги посети еколошките здруженија во Неготино, општина Врапчиште.
Османи се залага за активна соработка со еколошките граѓански здруженија, за идентификување на најважните еколошки предизвици и потреби.
Османи, ја изрази поддршката на инвестициите во зелената енергија, преку зголемување на капацитетите за искористување на сончевата енергија, енергијата на ветерот, како и поддршката на проекти за искористување на водата и гасификацијата, како еколошки прифатливи извори на енергија, како трајна определба во намалувањето на употребата на високо загадувачките фосилни горива.
Османи истакна дека како претседател ќе формира широк тим за еколошка валидација, кој ќе обезбеди проверка на проектите со значително влијание врз животната средина.
Претседателскиот кандидат Османи продолжува со посетата на групите на интерес за да ги слушне внимателно нивните потреби и приоритети, со цел да се состави агендата на Демократската унија за интеграција.