Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Луксембург, Норвешка и Латвија

Османи-ги-прими-копиите-од-акредитивните-писма-на-новоименуваните-амбасадори.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните амбасадори за Република Северна Македонија на Големото Војводство Луксембург, Марк Хубиш, на нерезидентните амбасадори на Кралството Норвешка, со седиште во Белград, Кристин Мелсом и на Република Латвија, со седиште во Прага, Елита Кузма.

На засебните средби со амбасадорите, Османи им посака добредојде и успех во вршењето на функцијата.

Беше изразено задоволство од досегашниот развој на билатералните пријателски односи на Северна Македонија со секоја од земјите, а воедно и истакната посветеноста за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и воспоставување нови динамики на секторската соработка.

Беше реафирмирана поддршката на Луксембург, Норвешка и Латвија за ЕУ пристапниот процес на Северна Македонија, домашната реформска агенда, како и за концептот за повеќе интеграција за земјите кандидати пред полноправното членство во Европската Унија.

Неопходноста од ефективна мултилатерална соработка во актуелниот геополитички контекст, особено во рамки на ОН, НАТО и ОБСЕ беа исто така тема на разговор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK