Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи упати честитики на Украина и Молдавија за почетокот на разговорите со Европската унија (ЕУ).
„Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската Унија.
Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво 2 милиони граѓани.
Уште малку“, порача во напишаното Османи.
Лидерите на земјите-членки на ЕУ одлучија да ги отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија, изјави претседателот на Европскиот совет.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти просторијата додека лидерите донесоа одлука за отворање на пристапните преговори со Украина, потврдија за „Гардијан“ тројца европски дипломати. Набрзо и самиот Орбан се огласи преку Фејсбук и повтори дека Украина не е подготвена да ги започне пристапните преговори.