Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи им го честиташе на косовските граѓани стапувањето во сила на визната либерализација.
-Честитки до Косово за постигнувањето на визната либерализација со отворање на нови можности за патување и проширена соработка, промовирање на поголеми врски. Важно постигнување за напредокот и просперитетот на Косово, неговиот народ и за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, напиша Османи на својот официјален профил на Х.
Граѓаните на Косово без визи може да патуваат во 27 земји од Шенген зоната.
Безвизниот режим стапи во сила на полноќ на новогодишната ноќ. Лицата од Косово сега може да патуваат во земјите од шенген-зоната без визи и може да поминат 90 дена во половина година.
Реформата во Приштина се толкува како уште еден чекор кон целосно признавање на државата и кон амбицијата, објавена во 2008 година, за влез во Европската Унија. Кипар, Грција, Романија, Шпанија и Словачка сè уште не го признаа Косово.