Органски пазар во Јавна соба

pazar_organski_4353545443
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– На зелената тераса во Јавна соба во Скопје од денеска е отворен органски пазар – Пазарче.орг. Со ова, почнува третата сезона на промоција и продажба нa органска храна во земјава.







Пазар.орг е во организација на Јавна соба во соработка со Бакалница.нет, Зелена Република и Прва Органска Задруга. Како што е најавено, посетителите, покрај дегустацијата која е карактеристична за овој органски пазар, ќе имаат можност да купат свежо овошје и зеленчук, зачини, јаболков оцет од диви јаболки, маџун, јаткасти плодови, компоти, сирења и кашкавали, сувомеснати производи, мед, производи со тартуфи, мармалади и сл., прозводи кои се произведени од поединци или од семејни производители.

Органски пазар во јавна соба

-Овој настан е исклучително битен како поддршка за макотрпната работа на земјоделците кои произведуваат малку, внимателно и природно и секако заради потрошувачите кои сè повеќе се едуцираат и се насочуваат кон здрава и природна исхрана како превенција од штетните, синтетички состојки кои ги внесуваме поради начинот на живот. Љубителите на добри летни коктели ќе имаат можност да дегустираат коктели од винската сорта “Станушина” како поддршка за Денот на Станушината – 7. мај, велат организаторите.

Пазар.орг ќе се одржува секоја сабота на зелената тераса во Јавна соба со цел да се креира поголема афирмација и застапеност на пазарот на малите македонски производители и да се помогне секој еден органски продукт полесно да го најде местото до трпезите во целата држава и пошироко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK