Жителите на пробиштипското село Неокази реагираат на поставување на фотоволтаици

probishtip
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поставување на фотоволтаици над селото Неокази во Општина Пробиштип ги загрижува мештаните. Тие денеска го искажаа својот револт од сечата на дрвата и упатија низа прашања до надлежните во Општина Пробиштип. Прашуваат дали ова значи дека селото е пред уништување и има ли начин истото да се спречи.







– Дали урбаната заедница Неокази е предодредена за селидба или за уништување, бидејќи од сите страни сме заобиколени со негативни елементи, така да сега ни е проблемот со боровите кои моите генерации ги садеа, а некој си дозволува да ги сече до уништување. Има ли начин ова да престане, велат жителите на село Неокази.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов потенцираше дека станува збор за приватни парцели и дека општината овде нема никаква надлежност. Додава дека тие парцели претходно биле во сопственост на жители од Неокази кои сами одлучиле да ги продадат.

-Околу земјиштето кое е во атарот на село Неокази, таму станува збор за земјиште кое е во приватна сопственост. Причината за продажбата на земјиштето веројатно е оти земјиштето тие не го обработуваат и за да нема дилема кај нашите граѓани повторувам, таму станува збор за приватни парцели. За инвестициите на фотоволтаици, сѐ она што е над петта категорија се добвива дозвола за поставување,  вели Анастасов.

Тој ги охрабри граѓаните доколку е прекршен некој член од Закон да реагираат до наделжните институции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK