Втори спортски игри „Велес Дематели Инвест Груп“


veless
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На спортските терени во Градскиот парк во Велес попладнево се во тек натпреварите во пет спорови од вторите Спортски игри „Велес Дематели Инвест Груп“.

Игрите свечено започнаа доцна синоќа, а на нив учествуваат околу 400 натпреварувачи од Србија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Германија и земјава.


Тие се натпреваруваат во мал фудбал, 3Х3 баскет, одбојка на песок, тенис и за првпат годинава во Е-спорт –виртуелни игри со плејстејшн.

– Игрите ќе траат до недела, 4 јуни, кога се финалните натпревари, а доцна вечерта ќе им бидат врачени награди и признанија за најуспешните екипи и поединци, информира за МИА, Љупчо Бубе Црвенпанов, од организациониот одбор.

Тој потенцира дека преку спортските натпревари, целта им е да ги привлечат младите да спортуваат, да се запознаат и да другаруваат со младите учесници од земјава, соседството и светот.

– Целта е младите да се мотивираат да се спортуваат и да се натпреваруваат, и воедно да се отргнат од секојдневието со нови предизвици за самите да се изборат до успехот, потенцира Црвенпанов.

Воедно ги поканува сите љубители на спортот од Велес и земјава да дојдат и да ги проследат спортските натпревари и да навиваат за своите фаворити.

Сите спортски натпревари се бесплатни за публиката, а организатор на игрите е Евентиве ДОО Велес и Спортското здружение Спортски игри Велес со подршка од Општина Велес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK