Волонтери на Црвен крст – Велес трет ден делат вода за пиење

crven_krst_345435233
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Волонтерите на велешкиот Црвен крст со возило трет ден на температури над 40 степени ги поминуваат најфреквентните улици во градот и од 13 до 16 часот делат ладна флаширана вода. Тие на граѓаните им делат и флаери за заштита од топлотниот бран, правилна летна исхрана и за заштита од шумски пожари, информира за МИА Орце Николов, секретар на ООЦК Велес.







– На терен увидовме дека  мал е  бројот на граѓани коишто се движат по улиците во овој временски период, што посебно не радува. Тоа значи дека нашите сограѓани ги почитуваат препораките за заштита од топлотен бран, појасни Николов.

Тој потенцира  дека не се стационирани на пункт бидејќи оваа практика е променета. Додаде дека волонтерите обично одат по тројца.

Николов најави дека со делење на флаширана вода  ќе продолжат и во наредните денови се додека трае портоколовата фаза.

Тие флашираната вода за пиење ја набавиле од сопствениот буџет и во дел од Општина Велес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK