Во Тетово избор на највешта жена, победи Оливера Пепиќ од Струмица

veshta_zena_3453453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Организацијата „Вешта жена“ од Тетово ја одржа централната републичка манифестација за избор на највешта жена во подготвување храна и аранжирање и декорација на маса.

Меѓу десетте натпреварувачки во изборот, со вкупно гласови на публиката и жирито победи Оливера Пепиќ од Струмица. Втората позиција и припадна на Јулијана Златановска од Гостивар, додека трето место освои Светлана Маркоски од Прилеп.


– Мојата маса беше наречена „Вечера кај кралица“. Мотивот беше поради тоа што секоја жена на момент сака да се почувствува посебно и отмено, да изгледа единствено и кралски. Со еден збор да биде кралица, кралица на својот дом, и на својата трпеза. Сакам да ги охрабрам сите млади домаќинки кои имаат љубов и желба, да спремаат убави специјалитети да се пријават на оваа манифестација затоа што убавото чувство може само да се доживее, изјави победничката Оливер Пепиќ.

Жирито на манифестацијата одлучи наградата Гран при да и да додели на натпреварувачката Петра Атанасовски од Скопје. Освен натпреварувачкиот дел со претставување на масите дел од манифестацијата беше и културно-уметничка програма со настап на КУД „Бранко Чајка“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK