Во тек пријавувањето за велосипедската тура „Пехчево на точак“

tocak_43535353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Во тек е пријавувањето за велосипедската тура „Пехчево на точак“ која ќе се одржи наредната сабота во Пехчево.







Турата, која е класифицирана како средно тешка е во должина од 47 километри и како што најавува Александар Бојчевски, еден од организаторите, ќе започне од центарот на Пехчево, а конечната цел е врвот „Ченгино Кале“ најисточната точка на Македонија.

-Учеството на турата е бесплатно, а пријавувањето е најдоцна до 7 јуни 2023 година на настанот објавен на социјалната мрежа фејсбук. Турата ќе се одржи на 10.06.2023 (сабота) со почеток во 9 часот, а целна точка на турата е врвот Ченгино Кале кој претставува една од најисточните точки во Македонија со надморска висина од 1760 метри. Стартната позиција на велосипедската тура е центарот на Пехчево кој се наоѓа на околу 1000 метри надморска висина (висинска разлика од старт и врв е околу 760 метри). Патеката на движење е во целосна должина од околу 47 км со 65 посто оффроад патека, информира Бојчевски.

Како што потенцира, турата ќе се вози групно со попатни паузи и подолг одмор на врвот, а на враќање предвидена е посета на еден од Пехчевските водопади.

-За учесниците кои ќе се пријават за возење на велосипедската тура, потребно е да ги следат прописите и да поседуваат задолжителни опрема и храна. Секој учесник треба да поседува велосипед за планински тури и велосипедска опрема (кацига задолжително, резервна гума, облека за услови во планина, кабаница/шушкавец, поради променливо планинско време, одреден велосипедски алат). Обезбедено е вода и енергетски барови за секој учесник, додаде Бојчевски.

Организсторите изразија огромна благодарност до, сите партнери и спонзори на велосипедската тура „Пехчево на точак”.
Турата со прекини поради корона пандемијата неколку години по ред се организира од страна на група ентузијасти, а на истата континуирано учествуваат љубители на планинскиот велосипедизам од повеќе соседни градови и Малешевијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK