Во Струмица ќе се отвора Клуб на семејства со деца и лица со Даунов синдром

вера
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдом, „Вера“-Струмица во партнерство со Општината ќе отвора „Клуб на семејства со деца со даунов синдром и семејства со лица со даунов синдром“, во рамки на повеќенаменскиот социјален центар во Струмица.

Клубот ќе се отвори според Програмата за Социјална заштита за 2023 година на Општина Струмица, а за реализација на пилот проектот Здружението „Вера“ објави јавен повик за членување во Клубот.


-Главни активности ќе бидат ставање во функција на интерактивно, инклузивно, едукативно и забавно рекреативно катче за децата и лицата со Даунов синдром кои ќе работата под менторство на едукатор-аниматор-тутор во рамките на целиот 12-месечен период. Клубот ќе биде катче за психосоцијална помош и поддршка на семејствата со деца и лица со Даунов синдром и неформално инклузивно катче за дружење, размена и споделување на искуства помеѓу семејствата со деца и лица со Даунов синдром во функција на обединување и здружување во процесот на остварувањето на своите права и промена на сегашната состојба, објавија од Општина Струмица.

Отворањето на клубот е планирано за 15 идниот месец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK