Во штипскиот Основен суд заврши доказната постапка за сообраќајна несреќа во која загинаа сопружници

osnoven_sud_shtip_43534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Во штипскиот Основен суд денеска заврши доказната постапка, но и завршните зборови против еден од обвинетите за сообраќајната несреќа, што се случи лани на регионалниот пат кој поминува низ населбата Балканска, а животот го загубија брачна двојка.

За несреќата беа обвинети две лица, едното од нив ја има признато вината и за него е донесена пресуда со казна затвор од пет години.



На денешното рочишто исказ дададе обвинетиот кој не признал вина за учеството во несреќата. Судијата кривичар во Основниот суд во Штип, Ацо Тасев најави дека деновиве ќе биде донесена пресудата за обвинетиот.

Инаку несреќата се случи на 31 мај меѓу возила „југо“ и „опел астра“, на лице место загинаа две лица. МИА тогаш информираше дека во „југото“ на лице место од силниот удар починале возачот 68 годишниот Г.П и 62 годишната сопатничка Ј.П. Од Основното јавно обвинителство- Штип тогаш беше донесена Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

-Двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. Првиот осомничен управувал автомобил „опел астра“, а вториот осомничен – автомобил „сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на влезот на Штип. Со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата “Брегалничка“, еден позади друг. Доближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока. Во тој момент, во таа лента се движел автомобил „југо“, во кој се превезувале двајца сопружници. Возачот на автомобилот „југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил. Како резултат на сударот и здобиените повреди, во несреќата починале двајцата сопружници, известија ОЈО-Штип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK