Во Неготино одбележан Денот на пожарникарите

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со дефиле на противпожарни возила и презентација на противпожарна опрема, денеска во Неготино беше одбележан денот на пожарникарите, 20 Мај. Голем беше интересот да се видат возилата и опремата и да се поразговара со пожарникарите.







– Во пресрет на 20 Мај, Денот на пожарникарите, како градоначалник на општина Неготино, денеска присутвував на пригодната свеченост во неготинската Противпожарна станица, по повод одбележувањето на празникот. Традиционално, како и секоја, така и оваа година, неготинските пожарникари го одбележаа празникот со дефиле на противпожарните возила и презентација на противпожарната опрема. Од страна на одговорните во ТППЕ-Неготино, бев информиран дека во текот на изминатата година, од страна на неготинската противпожарна служба, биле извршени бројни успешни интервенции за гасење на пожари на објекти и на отворен простор, рече градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.

Освен во гаснење на пожари на отворено и во затворен простор, пожарникарите имаат и технички интервенции при сообраќајки и други ситуации на непогоди, кога е неопходна нивната помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK