Во Крива Паланка отпочнаа градежни работи за изградба на комплетно нова улица во населбата Баглак, улицата ќе добие нов асфалт и ќе се постави одводна мрежа за решавање на проблемот со атмосферски води.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со стручните служби од општината, денес изврши увид во воведните градежни активности за реализација на проектот.
– Со реализација на овој проект е предвидена изградба на нова улица и асфалтирање. Улица „Баглачка“ е врвен приоритет на населението од овој дел од градот, како и решавањето на нивниот долгогодишниот проблем со атмосферските води. Финансиските средства зареализација на проектот се во висина од 1.278.363.оо денари и се обезбедени преку Програмата за создавање на услови за развој на урбани подрачја на Бирото за регионален развој, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.
Изведувач на работите е економскиот оператор КООП Инженеринг, Куманово.