Во Гостивар вечерва ќе се прска против комарци

komarci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјализирана фирма во вечерните часови ќе почне со прскање против комарци и други инсекти на повеќе локации низ општината. Од општина Гостивар упатуваат апел до одгледувачите на пчели навреме да ги заштитат пчелните семејства.







– Дезинсекцијата ќе се изведува навечер после 22:00 часот до раните утрински часови. Активностите ќе бидат одложени во случај на неповолни временски услови, дожд или јак ветер за утре или некој нареден ден со поволни временски услови, наведуваат од општина Гостивар.

За втората овогодишна дезинсекцијата ќе ce користи средството AKVA K-OTHRINE 2 KW 1 со концентрација пропишана од производителот.

Во овој период пчеларите дека треба да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK