Во Дебар ова лето нема рестрикции на водата за пиење, но се препорачува да се користи рационално

voda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– По многу години наназад, првпат ова лето корисниците на вода за пиење од водоводот Росоки-Дебар не се соочуваат со рестрикции во снабдувањето.







Тоа е резултат на успешно спроведените проекти од Јавното комунално претпријатие „Стандард“ – Дебар потпомогнато од локалната власт. Пред се,  проектот со кој беа заменети 65 вентили стари три и пол децении односно од изградбата на водоводот.

-Водоводот Росоки-Дебар е изграден во 1988 година со зафаќање на вода од изворите кај селото Росоки, Мала Река, во должина од 32 километри. Ова беше прв ваков значаен зафат, што беше повеќе од неопходен, со што се обезбеди поголема издашност на вода во резервоарите, рече за МИА директорот Бурим Каба.

Според него, во главниот резервоар во градот моментно пристигнуваат 135 литри вода во секунда, што е доволно за потребите на градот и во овој период кога престојуваат голем број иселеници.

-Сепак, поради сушниот период, што ќе услови и помал дотек на вода во каптажата во Росоки, апелираме до сите корисници рационално да ја користат водата. Да се откажат од старата навика, со водата, која е најквалитетна во државава, да наводнуваат градини, да  мијат дворни места, тротоари па дури и дел од улиците пред нивните домови, апелира Каба.

Од водоводот Росоки-Дебар со вода за пиење се снабдува Дебар, дел од Центар Жупа, преку кракот кој се одделува кај Мелнички Мост, како и селата Долно Косоврасти и Рајчица низ кои минува цевководот.

Во изминатите години рестрикциите почнуваа од почетокот на јуни со по неколку часа, по што се зголемуваше времетраењетио и достигнуваше и по повеќе од 12 часа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK