Во Центарот за култура Крива Паланка активности за дечињата во пресрет на Денот на детето – 1 јуни

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пресрет на утрешниот Меѓународен ден на детето – 1 јуни, Националната установа Центар за култура Крива Паланка реализира повеќе активности во кои директни учесници се дечињата и младите од предучилишна и училишна возраст: работилница за креации од отпадни материјали, уметност под менторство на академски сликар и детска анимирана серија со „Биби и Боби“.







– Крајот на месецот со повеќе активности го посветуваме на најмладите, на децата. Од минатата недела беше отворена нова група за помлади дечиња во ликовното студио под менторство на академскиот сликар, Роберт Цветковски, кој повеќе од една деценија работи во установата со талентираните деца од градот, во изминатите три дена се реализираше работилницата „Она што за некого е отпад, за некого е парче уметност“ која заврши денес со мини изложба и доделување благодарници. Вечерва, пак, во пресрет на Денот на детето, во киното на НУ Центар за култура ни доаѓаат најомилените детски ликови, а сите дечиња од градот ќе можат да уживаат со авантурите на Биби и Боби со проекцијата на „Пролетни авантури“, изјави директорот на НУЦК Крива Паланка, Дарко Стоилковски.

Истовремено, во центарот за култура во тек е реализацијата на театарската претстава „Во име на слободата“, проект од национален интерес поддржан од Министерство за култура во режија на Енџи Николовска, учесници се членови од детското драмско студио, а во Културно – уметничкото друштво „8 Октомври“ што работи во установата, а младите игроорци од КУД „8 – ми Октомври“ при НУ Центар за култура Крива Паланка усовршуваат нова кореографија под водство на кореографот Јовица Блажевски од НУ Ансамбл „Танец“ – „Моме Митро“.

Во претстојниот период следува подготовка на програмата за „Кривопаланечко културно лето“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK