Во Берово ќе се чисти на повеќе локации во рамки на „Генералка викенд 2023″

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Берово ќе се чисти на повеќе локации во рамки на пролетната акција „Генералка викенд 2023“. Со цел поуспешна реализација на активноста од Општина Берово упатија отворен повик до граѓаните во текот на утрешниот ден петок (12.05.2023) да земат активно учество во истата.

– Општина Берово, Пивара Скопје, Пакомак и Мен Енд Маунтен во партнерство со Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, организираат голема акција за чистење, во Берово. За таа цел утре, 12-ти мај 2023 година во Берово ќе се чисти на повеќе локации во градот. Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и придонеси за поздрава и позелена иднина за сите. За сите заинтересирани, за учество во акцијата, збирно место е општинската зграда, во 08:00 часот, информираа од Општина Берово.


Целта како што додадоа е да се соберат што е можно повеќе отпад, кој потоа ќе се носи до најблиската Пакомак или локална станица за отпад. После работниот дел на акцијата како што додадоа ќе се продолжи со забавно едукативниот настан, кој под мотото „Сончева тепсија“ ќе се одржи на градскиот плоштад „Димитар Беровски“, со почеток во 12:00 часот.

– Во рамки на овој настан своите еколошки пораки низ забава, ревија и рецитал ќе ни ги пренесат, децата од детската градинка „23 Август“ од Берово, учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, ООУ „Никола Петров Русински“ и ОСУ „Ацо Русковски“ и КУД „Димитар Беровски“. Бидете дел од ова еколошко случување во Берово и дајте свој придонес кон поздрава животна средина, додадоа од Општината.

Акцијата за чистење Генералка викенд 2023, како што додадоа е една од активностите кои се спроведуваат за да се даде придонесе во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да се влијае во зачувувањето на животната средина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK