VIII. РОК ХЕПЕНИНГ ВО ДЕМИР ХИСАР

rok 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ви го најавуваме големиот музички настан кој е во рамки нa Демирхисарското културно лето, 2023, a со поддршка и организација на Oпштина Демир Хисар, Домот на културата „Илинден“ и Министерството за култура на Р.С. Македонија – 8. рок хепениг кој ќе се одржи на 20.8.2023 (недела), на градскиот плоштад „8. Септември“, Демир Хисар, во времетраење од 20:00 до 1.00 ч.

Како една од бројните традиционални културни манифестација, од година во година станува голем култен настан, што претставува и всушност, огромно задоволство за љубителите на добрата рок свирка.



На овогодинешниот рок хепенинг ќе настапат македонски популарни и познати рок групи.

Настапуваат: Лајв Вајр од Скопје, Кросроад блуз бенд од Прилеп, Саунд Вејвс од Битола, СИНХРО – ЕКВ трибјут од Ресен и Ревелејшн од Демир Хисар.

Градоначалникот Најдовски, безрезервно и недвосмилено застана со поддршка околу техничко – организацискиот дел во рамките на локалните можности. И, затоа, по тој повoд, упатува и јавен повик – покана до сите заинтересирани сопственици (или нивни претставници) на угостителски компании, да дојдат на координативен состанок во неговиот работен кабинет, а сè со цел да се дефинираат и утврдат протоколарните активности.

На сите заинтересирани локални угостителски компании ќе им биде отстапен деловен простор за поставување продажни штандови – шанк, фрижидери, барски столчиња, масички и сл.

Во тој контекст, доколку сте заинтересирани, Ве повикуваме на заеднички договорен состанок на којшто ќе бидете информирани за сите организационо – технички детали и формалности.

Состанокот ќе се одржи на 15. август, вторник, во 11:00 часот, во кабинетот на градоначалникот на Општина Демир Хисар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK