Ученици од социјално загрозени семејства од Кисела Вода во август ќе летуваат бесплатно

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Децата од социјално загрозени семејства од Општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно летување. Од општината соопштуваат дека денес е распишан огласот и се објавени критериумите. За оваа намена, општината ќе издвои три милиони денари од својот буџет.







-На ученици од семејства приматели на социјална или било каква друга помош, еднородителски семејства, семејства чии примања не надминуваат 35.000 денари месечно, семејства со еден вработен, примател на минимална плата, ќе им овозможат овој август да поминат неколку дена со своите врсници во некое од летувалиштата на Охридското Езеро. За оваа намена, Општина Кисела Вода издвои 3 милиони денари од својот Буџет со кои ќе се покријат трошоците за превоз, сместување и храна, посочуваат од општината.

Рокот за пријавување е 10 дена, односно до 27 мај до 18 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. “Петар Делјан” бр. 17 или во архивата на општината со назнака: Пријава за избор на социјално ранлива категорија на ученици од општинските основни училишта за кои Општина Кисела Вода ќе спроведе бесплатен летен одмор“- Комисија).

Пријавата и образецот со упатство за пополнување, како и сите останати информации поврзани со користењето на оваа услуга, се достапни на веб-страната на општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK