Ученичка од Берово освои златен медал на Меѓународниот натпревар на млади истражувачи и техничари

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Средношколка од Берово освои златен медал на Меѓународниот натпревар на млади истражувачи и техничари, „Бановичи 2023“ кој викендов се одржа во Бановичи, Босна и Херцеговина. Успехот како што информираше Бистра Поп Ѓорѓиева од Народна Техника Берово е голем бидејќи е постигнат во доста силна конкуренција.

-Ученичката Екатерини Самаропулу во категорија агротехника, освои златен медал, додека Сара Видинска за нејзиниот проект во категорија високоградба, освои благодарница. Честитки до овие ученички кои покажаа одличен резултат, рече Поп Ѓорѓиева.Честитки за афирмацијата на Општина Берово во меѓународни рамки на ученичките им посака и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој упати благодарност до Народна Техника Берово и претставникот Бистра Поп Ѓорѓиева, што овозможува беровските таленти, да се претстават во вистинско светло, секаде во светот.


– Очекувам тие и понатаму да продолжат да работат и да постигнуваат високи резултати, истакна Пекевски.

На Меѓународниот натпревар учествуваа 450 учесници од Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK