Трошењето вода за разладување предизвика недостиг во зградите без хидрофор во Тетово

tetovo_#4535345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Жителите на Тетово чии домови се во повисоките згради, особено тие без хидрофор деновиве почнаа да се соочуваат со прекини во водоснабдувањето. За ваква состојба до нашата редакција образложија пред сè граѓани од а булеварот „Благоја Тоска“ околу касарната како и од „Видео Смилевски Бато“ кај Монопол.

-На овие високи температури без вода за пиење не е нормално живеењето. Вода во некои зградите без хидрофор и цистерни нема и преку цел ден. Некаде има повремено во текот на денот, сè зависи дали зградата има хидрофор и цистерна и како притисок има. Водата доаѓа околу 22 часот кога се намалува користењето кај останатиот дел од градот, алармираат дел од жителите.


Раководителот на тетовскиот одделение за водовод при Јавното комунално претпријатие „Тетово“ Љуљзим Шаќири објаснува дека во моментот има доволни количини вода во системот но најголем проблем е што поради високите температури луѓето ја трошат за разладување. Има 450 литри вода во секунда, што според него е повеќе од доволно за нормално снабдување.

-Потрошувачката е огромна, многу е топло во градот. Оддеднаш има по сто црева на една улица надвор за разладување и по бавчите. Количински вода има и повеќе од потребното за снабдување. И толку прифаќа системот. Тие згради без хидрофор имаат проблем. Вода има но не може да се создаде притисок до нивните катови. Чешмите кои се пуштени предолго го одземат притисокот. Апел до граѓаните да не ја трошат водата без потреба. Пример, не мора да се остава водата само да тече додека не се излади, доволно е да се стави вода во фрижидер да се разлади, потенцира Шаќири.

Според процените во одделението за водовод, за Тетово доволни се и 300-350 литри вода во секунда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK