– По повод големиот македонски празник Илинден, 2 Август, Планинарски дом „Чеплес“ и годинава по осми пат организираше ноќно искачување на ридот „Свети Илија“ на 565 метри надморска височина и посета на истоимениот манастир „Свети Илија“ лоциран од другата страна на ридот над Велес.
– Ноќното искачување синоќа стартува на плоштадот „С“рмаале“, а по посетета на манастирот „Свети Илија“ кој празнува слава и малиот одмор некаде околу полноќ сите учесници повторно се вратија во Велес, информира за МИА, Драган Димов.
Патеката беше прилагодена како за возрасни така и за деца. Нејзината должина беше околу три километри. Годинава учествуваа 80-тина рекреативци, меѓу кои и десетина деца, а најголем дел од Велес и помали групи од Скопје и Пробиштип и некои лица од Прилеп.
Фото: Драган Димов