Спречени два пожара во Кавадаречко

20230802185515_big_730x400_71
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спречени се два пожара попладнево во Кавадаречко, информираа од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.   – По пријава од ИГМ Трејд, веднаш е интервенирано од страна на ТППЕ Кавадарци и спречен е голем пожар во една од халите на компанијата. Запалена е инсталација на една од машините.







Интервенирано е со двајца пожарникари и еден противпожарен камион, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Поголема штета била спречена и во кавадаречкото село Возарци.   – Запалена дрвена бандера во село Возарци. За среќа , спречена е поголема штета благодарение на полицаецот Ристе Илов, кој интервенирал и ја повикал службата на ТППЕ Кавадарци, се наведува во информацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK