– Актерите од Тетовски Театар денеска репризно ќе ја изведат претставата претставата „Граѓанинот благородник“ по текст на Молиер. Оваа претстава премиерно беше изведена во јуни 2022, во режија на Куштрим Бектеши.
-Молиер овој текст го пишувал во 1670 година пред речиси 400 години. Еден од најдобрите автори во светска драматургија особено кога се работи за комедии. Претставата го третира феноменот на малограѓанството и претставува една сатира на општествениот феномен каде што неписмени малограѓани користејќи ги нивните богатства или политичка моќ, успеваат да стигнат од круговите на елитата во политика, култура или сите општествени аспекти. Со моја интерпретација се третира уште една тема, тоа дека луѓето се што кажуваат, во суштина друго прават. Реално, изгубени се моралните вредности, деградирано е сè и мислам дека е многу актуелно без разлика што пред 400 години ова го пишувал Молиер. Мислам дека тие теми се актуелни особено сега во нашето општество, каде сме ја поминале транзицијата но владее кичот, шунд, деградирање на вредностите итн. Единствениот лик кој е искрен само тој е жртва на тоа што е искрен и верува во љубовта верува во искреноста, информира режисерот Куштрим Бектеши.
Играат актерите од Тетовски Театар и гости од Гостиварски Театар, Музафер Етеми, Елмедина Амети, Арсим Фазлија, Адриан Азири, Ајше Усеини, Арсим Калеци, Линда Шабани, Арта Зејнели, Елмир Сејфулаи, Шкумбин Зеќири, Бурхан Амити, Хасим Мемиши-Сопи, Беким Самили, Ермал Чанга, Беким Јахиу.
Претставата ќе се одигра на сцената на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.