– Во Македонска Каменица утре ќе се спроведе теристичко прскање против комарци. Со прскањето како што информираа од Општината, ќе биде опфатено подрачје од 200 хектари.
-Општина Македонска Каменица упатува соопштение до граѓаните дека во четврток на 20 јули 2023 година, ќе биде спроведено терастично третирање против комарци на вкупна површина од 200 хектари. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето, информираа од Општината.
Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.
-Прскањето против комарци ќе го врши фирмата ДООЕЛ „Трули Нолен”НМ, а при несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден, додадоа од Општината.
Теристичкото прскање против коматци како што додадоа ќе биде спроведено во доцните вечерни часови.