СВР Куманово ги засили превентивните активности за превенција од пожари на отворен простор и во шуми

kumanovo_shuma_2342423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Кумановската полиција и подрачната единица на ЈП „Национални Шуми“, почнаа со превентивни активности преку непосредна комуникација и делење летоци на граѓаните за зголемување на свеста од опасноста од предизвикување пожари.

СВР Куманово посочува дека преку организациските единици континуирано презема мерки и активности за информирање на граѓаните и реализирање на превентивни мерки за спречување на пожари особено на отворен простор и во шуми. Во тек се постојани активности во соработка со подрачната единица на јавното претпријатие „Национални шуми“ каде при непосредни средби на граѓаните им се делат летоци со основни безбедносни совети и како да се постапи при откривање шумски пожар.



– Апелираме до граѓаните да бидат внимателни особено во претстојниот период и да не се пали оган на отворено, стрништа, пасишта и сува вегетација, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци и на тој начин заедно да придонесеме за зачувување на шумите, а со тоа да го заштитиме животот и здравјето како и личниот и имотот на другите, велат од СВР Куманово.

Полицијата потсетува дека предизвикување на пожар претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена затворска казна до осум години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последиците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK