Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ПЕТТАТА
ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ педесет и петтата вонредна седница на Советот на општина Охрид на ден 26.03.2025 година ( среда ) со почеток во 09.00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година.
Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година.
Предлог-одлука за одобрување финансиска помош за семејствата на починатите лица и за повредените лица во пожарот во Кочани од 16.03.2025 година.
ОПШТИНА ОХРИД
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Број 08-4188/1
25.03.2025 год.
О х р и д
The post СВИКАНА ПЕДЕСЕТ И ПЕТТАТА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД first appeared on Ohrid.gov.mk.