Стефковски го промовираше Граѓанскиот информатор

stefkovski_555
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на својата официјална страна на фејсбук го промовираше “Граѓанскиот информатор” како дополнителна алатка за информирање на граѓаните за работата на локалната самоуправа.

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:


Почитувани граѓани,

Излезе првиот број на “Граѓанскиот информатор” кој општина Гази Баба го издава со цел информирање на Вас, граѓаните за работата на локалната самоуправа.

Отчетноста и транспарентноста се начела кои ме водат во мојата секојдневна работа и од нив нема да отстапам.

Оваа форма на печатење на Граѓанскиот информатор преставува уште една дополнителна алатка во насока на информирање на граѓаните преку давање отчет за сработеното.

Општината им припаѓа на граѓаните и тие имаат право да бидат информирани за тоа како работат оние на кои тие им дале доверба.

Граѓанскиот информатор во следниот период во печатена форма ќе биде поделен на граѓаните на општина Гази Баба.

Транспарентна општина!

Силна општина!

Со срце за нашата Гази Баба! – напиша Стефковски.

Линк до објавата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK