Средношколци волонтери го реновираа детското одделение при Клиничка болница Тетово

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осум средношколци од Тетово волонтери во Проект за хумани вредности при Црвен крст го реновираа детското одделение во тетовската болница. Тие направија повеќе активности како кино-вечер, работилници и слично, а со собраните средства уредија повеќе простории во детското одделение.

– Направено е бојадисување на три соби во детското одделение, ходниците, соба за чекање, амбуланта и соба за ЕХО. Потоа на ѕидовите ставија постери и стикери со ликови од цртани филмови, обезбедени се нови постелнини за креветите и купени се два инхалатори, информираше денеска Ливета Арслани, наставничка и десиминатор во проектот.


Оваа група од осум ученици се од економското и медицинското училиште.

– Јас како наставничка понекогаш ја губам верата дека има хуманост кај учениците, но тоа што гледам денес со оваа група, со овие деца мислам дека има убави нешта кај нив, хуманизмот е на високо ниво кај нив. Не работеа за пари, сите се активисти, нивното задоволство се убавите зборови што ги добиваат. Оваа група се одлучи нивниот проект да биде фокусиран тука ради децата, ради тоа што лошо изгледаше ова одделение и да направат промени, рече Ливета Арслани.

Во општинската организација на Црвен крст Тетово, како волонтери на проекти за хумани вредности кои помагаат на заедницата се вклучени 30 ученици од средните училишта поделени во повеќе групи. Во саботата една од групите почна акција за собирање на средства за помош на повеќечлено семејство со социјален ризик од Сиричино.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK