Со концерт на “Нокаут” Кисела Вода го прослави својот 68-ми роденден

kisela_voda_345343454
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Со концерт на Нокаут, како завршница на Културното лето, Општина Кисела Вода го прослави својот 68-ми роденден. Над, 30 000 жители дојдоа во Расадник и заедно ги пееја најголемите хитови со бендот кој и самиот има историско значење во македонската музика. “Нокаут” уште еднаш покажа зошто веќе 26 години го држи тронот во македонската забавна музика, а Кисела Вода уште еднаш покажа што значи квалитетен избор на програмските содржини и сериозен пристап при нивната организација, информираат денеска од Општина Кисела Вода.

На настанот публиката ја поздрави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој го честиташе роденденот на општина Кисела Вода, и се заблагодари за целата поддршка и за тоа што сите заедно направиле, како што рече, бескрајната приказна за Кисела Вода да биде се подобра.


Инаку, на “Нокаут” претходеше сет на DJ Mats. Интеракцијата со публиката, хитовите, фантастичната атмосфера, како што велат од Општината, направија просторот пред Расадник да изгледа као огромна дискотека на отворено.

-Претходно, во “Битката на бендови”, жири комисијата во состав Дани Димитровска, Мишко Парушев и Сашо Стојановски одлучи дека титулата најдобри треба да ја понесе “Егзибит А” кои добија награда концерт организиран од страна на општина Кисела Вода и снимање на албум со 100 цд-а. Награда имаше и за второнаградените “Арте-факт” кои исто така ќе добијат снимање на албум и 100 цд-а, а третонаградениот, Матеј Николовски доби снимање на авторска песна како гостин на победничкиот албум. Додека се чекаше одлуката на жири комисијата, одличен настап имаа ”Д Далтонс”, велат од Општина Кисела Вода.

Паралелно, од 17 часот, на друга локација, во паркот Шопен се одржуваше хуманитарна “Коријада”, организирана од страна на Здружението на пензионери од Кисела Вода, кои, исто така имаа своја културно-уметничка програма.

Роденденскиот ден беше исполнет и со повеќе други содржини-свечена седница на Советот на Општина Кисела Вода, статуетки-клучеви за 25 заслужни жители, награди за најуспешните ученици, спортисти и наставници, како и промоцијата на 8 крупни инфраструктурни проекти во чест на 68-миот роденден на оваа локална самоуправа.

-Се’ на се”, манифестацијата “68 години Кисела Вода-бескрајна приказна која станува се’ подобра” која ги обедини роденденот на Општина Кисела Вода и Културното лето, со вкупна бројка од  околу 80 000 посетители на музичките концерти на Петар Грашо, на Жаре Бербер, 2 Бона, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, КУД “Китка”, како и на веќе споменатите Нокаут и DJ Mats, и атмосфера која може само да се доживее, трајно ќе остане запишана во сеќавањата жители на општината и сите нејзини пријатели, нагласуваат од оваа скопска Општина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK