Со 78 црвени и бели балони во Крива Паланка одбележан Денот на Црвениот крст

crven krst
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со промоција на активностите на Црвениот крст под мотото „Сѐ што правиме, правиме од срце“ и делењето 78 црвени и бели балони на централниот градски плоштад, волонтерите на општинската организација на Црвен крст Крива Паланка симболично го одбележаа Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина – 8 Мај и 78 години македонски Црвен крст. 







-Нашите волонтери не само денес, туку од почетокот на месецот, вкупно 78 волонтери од клубот на млади при општинскиот Црвен крст реализираа најразлични активности со кои го одбележаа Светскиот ден на Црвениот крст. Беа реализирани едукативни работилници, едукативни кампањи за превенција од разни заболувања кај основците и средношколците  преку врснична едукација, организираа предавања за одржување на хигиената кај најмладите од предучилишна возраст, се вклучија во повеќе активности во организација на Општина Крива Паланка, спортски младински крос, денес беа дел од Генералка викенд. Одбележувањето денес го заокруживме со симболично делење 78 балони во знак на 78 години постоење на организацијата на најголемото македонско хумани „семејство“, Црвен крст на Република Македонија, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО ЦК, Крива Паланка.

Посочи дека во неделата на одбележувањето на меѓународниот ден, 8 Мај, одбележани се и 18 месеци активно функционирање на Нега центар Крива Паланка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK