­

Се реконструира Градската капела во Струмица


8da452ab-6587-4965-b8b3-36607ab35416.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По 30 години од кога е изградена, се реконструира Градската капела во Струмица.

Со овој градежен зафат којшто го реализираат општина Струмица и ЈПКД „Кмуналец“ се врши комплетна замена на старите салонитни плочи со нови термо панели, замена на дрвената конструкција, како и поставување нови олуци, термо и хидроизолација. Со цел да се подобри нејзината заштита, се  врши и санација на калканските ѕидови, се инсталира и нова громобранска заштита, а  се санираат сите внатрешни површини од претходните протекувања.


Реконструкцијата започна во месец ноември минатата година, досега се реализирани 85 проценти од планираните активности, а кои целосно треба да завршат во месец мај. Овој зафат на Градската капела чини 6 милиони денари.

The post Се реконструира Градската капела во Струмица appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK