Градоначалникот на Битола најави за следната година финализирање на капиталниот проект – Пречистителна станица


konjanoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Годината што измина, донесе позитивни вести за уште еден проект за кој се зборува повеќе од 15 години, а за кој според досегашните спроведени постапки очекуваме позитивен исход и брз почеток на реализација. Тоа е проектот за Иградба на пречистителна станица и рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во Општина Битола, за што првиот дел од постапката е завршен, а во тек е евалуацијата за избор на надзор над изградбата, со што конечно еден проект со проценета вредност во 2017 од 27,8 милиони евра, конечно ќе ја види светлината на денот и ќе овозможи решавање на еден голем проблем за Битола“, истакна градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски во своето обраќање пред Советот.

Градоначалникот Коњановски се заблагодари на граѓаните за нивната трпеливост, затоа што градот е големо градилиште, таква беше состојбата во поголемиот дел од 2024 година, а и на почетокот на 2025 година.


„Но тоа е единствениот начин, за да можеме да ги подобриме улиците во нашиот град, да инвестираме на локации каде повеќе од 20 години не се интервенирало, да ја промениме подземната инфраструктура, да изградиме нов влез во Битола, да се изгради топловодот и секако да реализирам капитални проекти, како изградбата на новата противпожарна зграда, новата детска градинка во АРМ и други проекти“, потенцираше Коњановски.

Со ваквата динамика на одвивање на работите, се исполнува визијата со која започнаа да работат пред 4 години, според Коњановски. „Промените во Битола се видливи. Секако дека, невозможно е се да се реализира се одеднаш, но со самото тоа што реализацијата на Буџетот за четвртиот квартал на 2024 е 81,73%, а над 80% сме реализирале и во 2022 и 2023, потврдува дека подготвеноста на проектната документација и посветеното работење на терен, резултира со изведба на конкретни проекти на терен“, објасни градоначалникот.

Градоначалникот ги информираше советниците дека  Општина Битола, во овој момент се наоѓа во добра финансиска кондиција, на сметките има 303.246.704 денари, побарувањата на општината по основ на данок на имот за правни лица изнесуваат 59.208.321 денари, а за физички 150.350.301 денари. Исто така, за одобрените проекти, кои ќе бидат финансирани од Владата, општината ќе добие 230.453.784 денари, а ќе добие и дополнителни 707 милиони денари од новиот повик.

„Поготвени сме, да аплицираме и на вториот Јавен повик за државна финансиска помош на општините со средствата од унгарскиот кредит со околу 30-тина проекти, кои транспарентно беа претставени пред јавноста, а преку спроведената анкета добивме повратен одговор и за други проекти за кои битолчани имаат потреба од реализација“, дополни Коњановски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK