Се реконструира дел од велешката улица „Прохор Пчински“ кон црквата „Св. Спас“

veles
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во тек се градежните работи за реконструкција на оштетените површини на дел од велешката улица „Прохор Пчински“ што води кон црквата „Свети Спас“.

Како што информираат од Општина Велес, градежните работи започнаа во петокот и треба да завршат за десеттина дена, односно до крајот на ова недела.


Во текот на изведувањето на градежните зафати  поставена е сообраќајна сигнализација.

-Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација, да покажат трпение и разбирање додека се изведуваат градежните работи, апелираат од Општина Велес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK