Се намалува бројот на запишани првачиња во битолските основни училишта

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се намалува бројот на запишани ученици во прво одделение во дванаесетте основни училишта во Битола и битолско. Во предвидениот рок запишани се вкупно 751 прваче или споредено со минатата година, бројот е намален за дваесеттина ученици.

Од Општина Битола информираа дека во ОУ „Гоце Делчев“ годинава се запишале 46 првачиња, во ОУ „Кирил и Методиј“ – 35, во ОУ „Коле Канински“ – 77, во „Трифун Пановски“ – 35, во ОУ „Тодор Ангелевски“ – 101, а во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ запишани се 30 првачиња.


Слична е состојбата и со уписот на првооделенци во другите битолски основни училишта, односно во ОУ „Елпида Караманди“ се запишале 78 првачиња, во ОУ „Даме Груев“ – 66, ОУ „Стив Наумов“ запишале 114, а најмногу првооделеници ќе има во ОУ „Климент Охридски“, вкупно 118.

Во рамки на Општина Битола се и основните училишта „Александар Туринџев“ во село Кукречани, каде запишани се 19 првачиња и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде на 1 септември наставата ќе ја почнат 32 првооддленци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK