Пуштена во функција фотоволтаична централа на кумановската гимназија „Гоце Делчев“

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ почна со производство на електрична енергија, соопштија денеска надлежните од училиштето.







Заедно со изведувачот направивме примопредавање и пуштена е во употреба фотоволтаичната централа во гимназијата која има капацитет од 39,2 киловат часа производство на електрична енергија. Сметаме дека со пуштањето на централата ќе имаме голема заштеда на eнергија. Капацитетот на производството на струја нема да може да го покрие греењето, бидејќи ние и така се затоплуваме на гас, комбинирано по потреба и нафта имаме котли, но за потребите на осветлувањето, клима уреди, работа со компјутери секако дека ова ќе го задоволи. Придобивката ќе ја почувствуваме по шест месеци кога ќе се направи ребаланс на што сè и како е потрошено, изјави директорката на гимназијата, Марија Тодоровска.

Општината претходно постави фотоволтаици и на средните стручни училишта „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“. Фотоволатици ќе бидат поставени и на објектот на средното „Перо Наков“ каде наставата се изведува на албански наставен јазик.

Зголемените цени на енергенсите го зголемија интересот за поставување фотоволтаици и кај домаќинствата и кај приватниот сектор. И локалниот економско-социјален совет одржа неколку средби со бизнис заедницата за придобивките од поставувањето на фотоволтаици како и со граѓани и општински установи и институции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK