Првата проекција на филм во штипски Киноверзум до крајот на месецот

stipski kinoverzum
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За десеттина дена се очекува првата проекција на филм во новото кино на Киноверзум во Општинскиот Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ – Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека конструкцијата е поставена, опремата пристигната и се тестира, а недостасуваат само прозори во салата. Според градоначалникот Јорданов, би пристигнале за најмногу два дена.







Во салата во Општинскиот Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип има најсовремена кино опрема и ласерски проектор од најновата генерација на проектори, а истата е со капацитет од приближно 150 места, вели Јорданов.

Општината е во координација со Киноверзум, од каде посочуваат дека премиерата на првиот филм ќе биде за десетина дена, а општината за два до три дена ќе организира настан на кој кино-салата свечено ќе се отвори

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK