Во општина Боговиње денеска ќе биде отворена канцеларија за бесплатна правна помош. На отворањето ќе присуствува министерот за правда Кренар Лога.
Како што е најавено, министерот Лога и градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу ќе потпишат меморандум за соработка.
Пред зградата на Општината ќе се одржи и промотивна кампања за бесплатна правна помош.