Продолжува субвенционирање на општински линиски превоз на патници

1200px-Flag_of_Kumanovo_Municipality_North_Macedonia.svg_.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општинa Куманово ќе продолжи со субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Куманово и за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на линиски превоз помеѓу општините Куманово и Старо Нагоричане, согласно со донесени Одлуки на Совет на Општината. Субвенционирање на секоја линија посебно на подрачјето на Општината и на релација Куманово – Клечовце – Довезенце и Куманово – Клечовце – Бељаковце, ќе се врши по секој изминат километар во вредност од 50 денари со вклучен ДДВ по претходно утврден возен ред. За субвенционирање на општински линиски превоз на патници од буџетот на општина Куманово ќе бидат издвоени 37.500.000 денари и 3.500.000,00 денари со ДДВ за период од шест месеци, почнувајќи од 01.01.2025 година заклучно со 30.06.2025 година.

Оваа одлука не се однесува за превоз на ученици од основни и средни училишта, согласно Законите за основно и средно образование. Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Куманово”.


 

 

 

The post Продолжува субвенционирање на општински линиски превоз на патници first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK