Презентација на донацијата на Јапонската амбасада доделена на охридското Јавно претпријатие „Нискоградба“

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јапонскиот амбасадор во Северна Македонија, Оцука Казуја, денеска беше во посета на Општина Охрид, каде беше извршена презентација на последната јапонска донација за Охрид, ново комунално возило за интервенции со опрема за брза санација дефекти на канализациската мрежа во градот.

Како што беше истакнато на презентацијата, се работи за донација вредна околу 60 илјади евра, што во голема мера ќе ја олесни работата на екипите за интервенција на градското јавно претпријатие „Нискоградба“, и ќе придонесе за поголема заштита на животната средина и чистотата во градот.



Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заблагодарувајќи се за донацијата, истакна дека со новото возило ефикасно се врши санација на канализациската мрежа.

–   Уверен сум дека добрата меѓусебна соработка што ја негуваме со Јапонската амбасада ќе придонесе и во иднина да бидеме дел од вакви настани, кои по своето значење се повеќе од локални бидејќи заштитата на животната средина се светска обврска, а не само локална…Пријателска Јапонија во неколку наврати донирала општи блага во Охрид, со што покажува дека Охрид има посебно место кај вас, рече Пецаков.

Јапонскиот амбасадор Оцука, од своја страна посочи дека донацијата е обезбедена преку програмата на јапонската Влада за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност, шести проект во Општина Охрид.

–   За овој проект особено сме горди оттаму што возилото ќе придонесе за намалување на загадувањето на древното и убаво Охридско Езеро. Со навремена и ефикасна санација на канализацијата, загадувањето на езерото ќе биде намалено и за кусо време колку што возилото се користи, возилото веќе остварува значајно влијание, рече тој.

Од 1996 година Јапонија со вкупно 8,9 милиони евра има донирано 177 вакви проекти во секторите здравство, образование и заштита на животната средина во Северна Македонија.

Директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски, во оваа прилика истакна дека за само еден месец колку што возилото веќе е во употреба, се спроведени над 200 интервенции во градската канализациска мрежа, најголем дел од нив во Стариот дел на градот каде е отежнат пристап.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK