Валандовските и гевгелиските пожарникари денеска добија нови возила, кои ги обезбеди Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Како што информираше директорот на Центарот, Ѓоко Камчев, возилата се обезбедени преку проектот „Рано откривање на пожари и нивно движење, за превенција и соравување со катастрофи eFIDAR,“, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со Регионот на Централна Македонија, Грција и Центар за управување со кризи, Република Северна Македонија.
ТППЕ Гевгелија доби мал камион за спасување, а валандовските пожарникари добија „пикап“ за прв одговор при пожари.
Според Камчев, веќе во процедура е набавка и на трето против пожарно возило-камион за ТППЕ Струмица, кое ќе биде наменето за спасување. Покрај тоа, ќе бидат набавени и три дрона со сензорни камери кои ќе се користат за рано откривање и маркирање на пожари на тешко пристапни места.