Повик за учество на тендер за ‘’Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби за уредување на земјоделско земјиште во с.Дабјани, Општина Долнени’’

opstina dolneni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Проектот финансиран од Европската унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“, ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), распиша јавен тендер (UNGM Референтен број: 2023/REUXD/REUTD/122655) за обезбедување на услуги за „Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделско земјиште (тампонирани пристапни/сервисни патишта) во с. Дабјани, Општина Долнени’’.

Активностите што треба да се спроведат како дел од овој тендер вклучуваат градежни работи за подобрување на земјоделската инфраструктура во консолидационо подрачје Дабјани. Поконкретно, ова вклучува рехабилитација на постојните тампонирани пристапни/сервисни патишта и изградба на нови. Дополнително, ќе се спроведат хидромелиоративни интервенции за подобрување на системот за одводнување, вклучително и изградба на премини преку постојните одводни канали со користење на цевки и цевасти пропусти.


Потенцијални понудувачи можат да бидат сите градежни фирми регистрирани во Република Северна Македонија, кои поседуваат најмалку лиценца Б за градба, издадена од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија.

За пристапување до тендерската документација и поднесување понуда, заинтересираните компании прво треба да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за глобален пазар – United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) (www.ungm.org/Vendor/Registration), бидејќи само компаниите регистрирани во UNGM имаат право да учествуваат. По успешна регистрација, компаниите ќе можат да пристапат до тендерската документација и да ги достават своите понуди преку истиот портал на UNGM (www.ungm.org/Account/Account/Login).

Краен рок за поднесување на електронска понуда за тендерот е 21 август (понеделник) 2023, најдоцна до 13:00 часот, по средноевропско време.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK