Поставени садови за собирање отпадни батерии во 25 институции во Струмица

eko-linija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од денеска во институциите кои се под надлежност на Општина Струмица, како и во основните и средните училишта, почна собирањето на отпадни батерии.

Како што информираа од Општината, садови за собирање на овој електронски отпад се поставени во 25 институции во Струмица.


– Со ова се прави значаен исчекор на одржливост и заштита на животната средина. Ова ќе придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигањето на јавната свест. Заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да мотивираме повеќе луѓе да се грижат за себе и околината и да го селектираат опасниот отпад, стои во информацијата од локалната самоуправа.

Поставувањето на садовите за собирање отпадни батерии е во соработка и партнерство со „Нула отпад“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK