Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со претставници од фондацијата Westminister како и пратеници од Собранието на Република Македонија, кои се дел од Клуб на млади пратеници, претставниците на Локален младински совет во општина Илинден, како и претставници од општинскиот совет.
Целта на средбата е пратениците да се запознаат со имплементацијата на младинските политики на локално ниво, младите, законот за млади и младински потреби на локално ниво.
Градоначалникот Георгиевски истакна дека локалната самоуправа посветува големо внимание на проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на сите млади во општина Илинден, а приоритет ќе бидат и во иднина за реализација на младински проекти, соопшти општина Илинден.
Младинските претставници имаа можност да споделат искуства, препораки и предизвици, а за истите дискутираа со младите пратеници како креатори на законски решенија. Претставниците на Локалниот младински совет го претставија начинот на функционирање за нивната работа со градоначалникот, доветот на општината и општинската администрација.