Почна реконструкцијата на улицата „Драган Стопаревиќ“ во Куманово, соопштија денеска надлежните од секторот за комунални дејности. Улицата целосно ќе се реконструира и е дел од годишната програмата за санација, реконструкција на улици.
– Улицата е доста фреквентна и поврзува две населби „Гоце Делчев“ и „Зелен Рид“ со центарот на Куманово. Имаше недостатоци и се надеваме дека ќе се санира во предвидениот рок. Ќе се санира и уште еден крак од оваа улица. Очекуваме поголема безбедност и за пешаците и за возачите, изјави помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски.
Вкупно ќе се санира 3.300 метри квадратни.
Претходно по барања на кумановци на оваа локација беше поставена банкина на потегот помеѓу улиците „Тоде Думба“ и „Драган Стопаревиќ“. Од општинскиот буџет за оваа намена беа одвоени над еден милион и 500 илјади денари. Обновена бешее и хоризонталната и вертикалната сигнализација на оваа локација.